Ракомет
Во Вардар доаѓаат Аниќ, Портнер, Горпишин?!
Емоциите полека се намалуваат, Вардар се врати со својата втора титула дома, беше организиран спектакуларен дочек на плоштадот „Македонија“ во Скопје, а сега време е за шпекулации 🙂
Дел од ракометарите го напиуштаат РК Вардар, дел планираат каде ќе го поминат летотот со своите најблиски, а останатите ги реализираат своите обврски кон репрезентацијата која деновиве се подготвува за двата натпревари против Грција и Турција од квалификациите за ЕП.
Низ медиумите веќе се споменуваат одредени имиња кои неофицијално ќе бидат дел од Вардар. Но, како и секоја година така и оваа интересно е тоа што „Википедија“ која е слободна енциклопедија и може секој да ја уредува деновиве веќе ги бриши имињата на ракометарите кои заминаат и ги запишува имињата на сега неофицијалните играчите кои ќе потпишат за РК Вардар.
Познато е тоа дека од клубот си заминаа Мораеш (во Веспрем), Карачиќ (Келце), Милосављев (Фуксе Берлин), а Кристопанс во 2020 год. се сели во ПСЖ.
Двајца голмани се поврзуваат со Вардар, станува збор за Швајцарецот Никола Портнер од Монпелје и Филип Ивиќ (Келце), иако Хрватот беше „избришан“ во текот на денешниот ден.
Исто така се спомнуваат и двајца пивоти, Русинот Сергеј Горпишин (Ерланген, Германија) и Французинот Игор Аниќ (Целје).