Connect with us

Фудбал

Во возбудлива пресметка се соочуваат Рома и Феенорд

Екипите на Рома и Феенорд вечерва од 21.00 часот на импресивниот стадион во Тирана ќе се соочат во возбудлива пресметка во финалето на Лигата на конференциите. Се очекува огромен број италијански навивачи да се влеат во Тирана и да ги поддржат своите миленици.

Тренерот на Рома , Жозе Мурињо има репутација на тренер кој никогаш не губи финалиња. Со Порто го освои Купот на УЕФА и Лигата на шампионите , го повтори и тројно го зголеми успехот со Интер и Манчестер Јунајтед.

Влогот за Мурињо денес е огромен. Доколку Рома успее, тој ќе биде меѓу титаните како Џовани Трапатони и Удо Латец кои триумфираа на три европски турнири.

Се очекува Мурињо да се обложи на позната постава. Дилемата пред Специјалниот е дали да се ризикува со ерменскиот ас Хенрик Мхитарјан уште од првата минута.