Фудбал
Во живо: Свеченото отворање на Светското првенство во Катар
Светското првенство во Катар ќе биде отворено со блескава церемонија која ќе се одржи пред првиот натпревар меѓу домаќинот Катар и Еквадор на стадионот Ал Баит.
Церемонијата започна со настап на катарска пејачка, а на теренот освен танчери имаше и камили. После тоа на „сцената“ се појави познатиот холивудски актер Морган Фримен.
Следуваше орото со сабја, традиционално за овие географски широчини.
Во следниот сегмент од церемонијата, танчерите изведоа кореографија на песни направени специјално за Светското првенство. Додека се свиреа песните, почна дефилето на маскоти од изминатите првенства на планетата.
The atmosphere is building! 😁#Qatar2022 | #FIFAWorldCup pic.twitter.com/jpH28QL2Ze
— FIFA World Cup (@FIFAWorldCup) November 20, 2022