Connect with us

Кошарка

Војдан Стојановски останува и следната сезона во францускиот Гравелин

Објавено:

Капитенот на македонската кошаркарска репрезентација Војдан Стојановски и во наредната сезона ќе го носи дресот на францускиот тим Гравелин-Данкерк.
Имено, Стојановски кој од минатата сезона се пресели во Франција, најнапред кратко настапувајќи во тимот на По Ортез, од каде во јануари мина во составот на Гравелин-Данкерк, и официјално потпиша нов едногодишен договор со оваа екипа.
„Да, останувам во Гравелин. Вчера го продолжив договорот со овој тим на уште една година. Соработката која ја имам пред се со тренерот Серж Кривекоер, но и целото раковоство на клубот, како и условите, плановите и амбициите кои ги имаат, едноставно беа клучниот фактор што ја продолжувам соработката со овој тим. Неможам  да не ја споменам и одличната публика, навивачите кои се нашиот шести играч и кои ни даваат неверојатно поддршка на секој натпревар“, изјави накратко за Сител ТВ, Стојановски.
Во краткиот период кој Војдан го мина во клубот, до пред прекинот на француското првенство поради пандемијата на Ковид-19 вирусот, капитенот на македонската репрезентација одигра шест натпревари на кој оствари просечни 10,6 поени по натпревар, а имаше и учинок од 4,5 скокови и 2,2 асистенции.
Ова е и одлична информација за македонската репрезентативна кошарка, имајќи во предвид дека токму Војдан е предводник на репрезентацијата која настапува во квалификациите за Европското првенство. Сигурно дека константните игри на Војдан во францускиот шампион ќе бидат и тоа како добредојдени во следниот репрезентативен прозорец, кој ФИБА неодамна го помести за февруари 2021 година.

Advertisement
Реклама
Реклама

Facebook

Реклама
Реклама