Connect with us

Други спортови

Вон се врати за да најави крај на кариерата

Скијачката супер – ѕвезда, Американката Линдзи Вон веќе размислува за крај на кариерата. Таа беше исклучително емотивна по враќањето на патеките изминатиот викенд со учеството на слаломот во Кортина Д‘Ампецо, изјавувајќи дека наскоро мора да донесе некои животни одлуки.

Пред неколку месеци, Вон навести дека ова е нејзината последна сезона. Во петокот таа се врати на патеките по повредата и го освои 15-тото место во спуст. Но, два дена подоцнаа не успеа да го заврши настапот во супер – велеслалом.

  • Моето тело може да носи товар, но не можам да се натпреварувам на ниво кое го сакам, а знам дека можам подобро. Јас навистина не знам што да мислам. Тоа беше повеќе емотивно отколку што очекував. Знам дека крајот се приближува, но тоа не ги олеснува работите, изјавила Вон.