Други спортови
Вонредна ситуација на УС Опен
Играњето натпревари на УС Опен закажани за четврток е под знак прашалник.
Во Њујорк, временската состојба во моментов е многу неповолна поради обилните дождови и поплави во тој дел на Соединетите држави.
“Го цениме вашето трпение додека ја оценуваме нашата позиција. Безбедноста на нашите навивачи, играчи и персонал е најважна”, рекоа тие, додавајќи:
“Ќе го ажурираме распоредот, вклучително и времето на отворање на портите и почетокот на натпреварите. Сегашниот план е да не се отворат портите пред 11 часот наутро (17.00 часот по локално време)”, рекоа организаторите.
US Open Statement for Thursday, September 2, 2021 pic.twitter.com/2bpBzSvty3
— US Open Tennis (@usopen) September 2, 2021
Во времето на пишување, немаше потврда за распоредот на закажани натпревари.
Според претходната програма, четвртиот ден од последниот Грен слем во сезоната треба да започне со седум натпревари во женска и една во машка конкуренција.