Поврзи се со нас
Here is the banner code 300x250 for mobile:

Кошарка

Вориорс ги контактираа Рокетс за Харден

Голден Стејт Вориорс  ги контактираа Хјустон Рокетс за Џејмс Харден.

Ова го откри еминентниот новинар Шамс Черанија, кој истакна дека Вориорс го контактирале ривалот од Западната конференција, но дека немало официјални понуди за трговија.

„Не верувам дека има некоја понуда. Мислам дека тоа беше само истрага од типот ’Имаме потенцијална голема понуда ако сакате да разговарате’. Всушност, не мислам дека од Хјустон беа отворени за оваа понуда, но од Голден Стејт сигурно ставија до знаење дека можам да им понудам големи работи“, рече Черанија.

Наводно, Харден е подготвен да ги напушти Рокетс. Како потенцијална дестинација се споменува и Бруклин Нетс, но идејата со него и Стивен Кари во Вориорс би била нешто посебно.

Единствено што е сигурно е дека ќе гледаме спектакуларна кошарка со огромен број шутеви.

loading...

Facebook