Фудбал
Вотфорд брзо најде замена за Клаудио Раниери
Клаудио Раниери доби отказ од клупата на Вотфорд по само 14 натпревари во кои го предводеше тимот.
Оваа вест беше потврдена вчера, а Раниери го предводеше Вотфорд на 14 натпревари, една победа, две нерешени и 11 порази, а многу е јасно зошто челниците на овој клуб решија да ја прекинат соработката со него година и пол пред планираниот истек од неговиот договор.
Доведувањето на Клаудио Раниери во никој случај не се покажа како вистински потег на челниците на Вотфорд, со оглед на тоа што кога Ксиска Муњоз беше отпуштен на 3 октомври, клубот беше на 14-та позиција и сега е пет позиции подолу.
Она што сигурно ќе го одбележи овој краток мандат на Раниери на клупата на тимот од Викариџ Роуд е победата од 4:1 над Манчестер Јунајтед во ноември 2021 година.
Англиските медиуми, поточно The Athletic, пренесуваат дека Ватфорд веќе нашол замена за Италијанецот, а тоа е искусниот стручњак Рој Хоџсон. Ќе му помага Реј Левингтон, а дуото треба да се сретнат денеска и да тренираат со тимот попладне.
74-годишниот стручњак ќе биде трет тренер на Ватфорд оваа сезона, по отказот на Ксиско Муњоз и споменатиот Раниери.
Хоџсон претходно ги водеше репрезентациите на Англија и Финска, како и англиските клубови како Ливерпул, Фулам, Вест Бромвич Албион, Блекбурн Роверс и Бристол Сити.
Тој го замени Фабио Капело како селектор на Англија во мај 2012 година. Под водство на Хоџсон, Англија стигна до четвртфиналето на Европското првенство 2012 година, не успеа да се пласира во нокаут фазата на Светското првенство во Бразил 2014 година и загуби од Исланд во осминафиналето на ЕП во 2016 г.