Connect with us

Други спортови

Возач на Формула 1 чисти улица по поплавите во Италија. Луѓето на Твитер се воодушевени

Лидерите на Формула 1 пред три дена ја откажаа Големата награда на Емилија-Ромања, трка која требаше да се вози во Имола овој викенд. Причината се страшните поплави кои го зафатија тој италијански регион, однесоа неколку животи и оставија огромен број луѓе без покрив над главата. Еден од возачите се истакна по своето однесување во тешките моменти.

Раководството на Формула 1 упати препорака до тимовите што поскоро да го напуштат погоденото подрачје. Членовите на тимот AlphaTauri беа еден од нив. Нивното седиште се наоѓа во Фаенца, град кој се наоѓа во тој регион. Како и во Имола, така и таму има проблеми. Јуки Цунода, 23-годишниот јапонски возач на АлфаТаури, не можеше само да ги набљудува овие проблеми, туку отиде да помогне колку што можеше во тој момент.

Твитер профилот на Формула 1 ја објави неговата фотографија, а на неа се гледа како со лопата во рака вади вода и чисти кал од улицата. Цунода сезонава освои два бода во трките во Формула 1, но со овој потег доби голем број обожаватели кои го фалат неговиот потег. „Возач на денот“, „Честитки“, „Моја почит“, „Убав гест“… се дел од коментарите под објавата.

Advertisement