Connect with us

Фудбал

Возачот на автобусот се изненадил кога слушнал што бара Модриќ, љубезно морал да го одбие

Фудбалерите на Реал Мадрид до раните утрински часови ја славеа титулата шампион на Шпанија.

Реал вчера на четири кола пред крајот на сезоната ја обезбеди титулата откако на домашен терен го совлада Еспањол со 4:0.

Иако Реал за неколку дена го очекува реванш полуфиналниот дуел од Лигата на шампионите против Манчестер Сити, јасно е дека играчите мораа донекаде да се опуштат и да го прослават новиот трофеј.

Прославата во центарот на Мадрид траеше до раните утрински часови, а играчите на кралскиот клуб навистина уживаа бидејќи на „Сантијаго Бернабеу“ ја вратија титулата шампион на Шпанија.

Фудбалерите со автобус кружеа низ центарот на Мадрид каде имаше огромен број навивачи на овој клуб. Во центарот на вниманието при прославата беше Лука Модриќ кој игра фантастично и оваа сезона.

Модриќ максимално се опушти, а во еден момент фоторепортерите го фатија како разговара со возачот на автобусот и го замолија да седне зад воланот и да вози, но возачот мораше учтиво да го одбие.

Сепак, му дозволи на Модриќ да труба, што очигледно му беше доволно на хрватскиот играч за врска бидејќи навистина уживаше.