Connect with us

Други спортови

Возњацки го освои Австралија Опен и се врати на првата позиција

Данската тенисерка Каролина Возњацки, го освои Австралија опен откако во големото финале ја совлада Романката Симона Халеп со 7:6, 3:6 и 6:4.

Двете тенисерки иако се мачеа со повреди прикажаа фантастичен тенис на задоволство на сите на „Род Лејвер“ арената и на оние пред малите екрани. Со оваа победа Данката се врати на првото место на ВТА ранг-листата.

Ова беше трето финале за обид на Вознијацки да дојде до грен слем титула, откако претходно два пати губеше во финалињата на САД Опен.

Advertisement