Connect with us

Други спортови

Возњацки го откажа својот настап во Вашингтон

Данската тенисерка Каролина Возњацки се повлече од турнирот во Вашингтон.

Возњацки на организаторит0 им рече дека не може да игра на турнирот само неколку часа пред најавениот натпревар со Анџелина Калин.

Во главната ждребката замена ќе биде Исалин Бонавентура.

Возњацки првата титула ја освои на Грен слем во Мелбурн во јануари и моментално е втора тенисерка во светот.

Од поразот во вториот круг на Вимблдон во почетокот на јули, таа нема одиграно натпревари, но се надева дека ќе биде подготвена за УС Опен кој ќе започне на 27-ми август.