Connect with us

Фудбал

Вознемирувачко фото: Погледнете како изгледаше ногата на Андре Гомес откако ја скрши

Играчот од средниот ред на Португалија, Андре Гомес синоќа претрпе ужасна повреда на натпреварот помеѓу Евертон и Тотенхем и се очекува да има долга пауза.

Гомес бил во налетот кога Сон го фаулира одзади и тогаш се судрил со Ауриер, предизвикувајќи ужасна фрактура на ногата. Кога фудбалерите ја видоа состојбата на неговата нога, тие се обидоа некако да го смират Гомес затоа што знаеја каква болката претрпе.

Сон на крајот доби црвен картон и го напушти теренот со солзи, иако тој не ја скрши ногата на Гомес, тоа го стори неговиот соиграч Ауриер. Оваа повреда ги потресе сите на стадионот, но сигурно Гомес е најтешко погоден во моментов.

На социјалните мрежи се појави фотографија од тоа како изгледа стапалото на португалскиот фудбалер откако излекоа од од теренот и навистина тоа е страшно.

Гомес бргу бил пренесен во најблиската болница во Ливерпул каде бил опериран, а сигурно е дека би имал долга пауза. Подолу можете да видите како изгледаше ногата по несреќата, но ве предупредуваме дека вознемирувачко.