Connect with us

Фудбал

Вознемирувачко видео, ова е моментот кога е убиен грчкиот навивач од страна на хулиганите на Динамо Загреб (ВИДЕО)

На социјалните мрежи се појави ново видео од тепачката меѓу навивачите на АЕК и Динамо минатиот понеделник во Атина. Според грчките медиуми, на видеото се гледаат последните моменти на Михалис Кацурис, кој почина откако беше избоден. На видеото најпрво се гледа како навивачите на АЕК брзаат кон навивачите на Динамо, а меѓу нив е и Михалис, кој носи кацига на мотор. Во следните секунди од видеото се гледа како Михалис трча во спротивна насока, а еден од навивачите, очигледно навивач на Динамо, го удира со стап по грбот. Во третиот дел од видеото, се гледа дека Михалис влета во блиската продавница, облеан во крв, а потоа колабира. На крајот се појавува и брза помош.