Connect with us

Други спортови

Во Австралија им пречи одмаздата на Ѓоковиќ кој со домашниот тенисер го „избриша“ теренот, депортацијата повторно актуелна!

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ привлече големо внимание откако го „скрши“ домашниот тенисер Алекс де Минор на Австралија Опен.

Не сме навикнати Ѓоковиќ да биде толку отворен во своите изјави, па по убедливиот триумф (6:2, 6:1, 6:2) се насмевна и рече дека „беше толку убедлива победата затоа што навистина сакаше дa биде така убедлива “, по што многумина се сетија дека пред една година Де Минор беше еден од најгласните во пресметката со Ноле поради депортација.

Ѓоковиќ не му го прости тоа, прашање е дали ќе го направи и Австралија, а поради зборовите на српскиот тенисер, во тамошната јавност се крена голема бура, па во одбрана на најдобрите дојде познатиот новинар Нил Мичел.

Мичел е еден од најистакнатите радио новинари во цела Австралија и известува од политика до спорт, а откако Новак Ѓоковиќ го „прозва“ Алекс де Минор, не му се допадна како се однесуваше во победата..

„Не се грижам премногу за тенисот, но се надевам дека Новак Ѓоковиќ нема да победи на Австралија опен. Српскиот тенисер го „избриша“ Де Миноро по мечот поради тоа што се случи пред една година кога беше депортиран.  Јасно е дека Ѓоковиќ сакаше да го „избрише“ теренот со него, и тоа го стори на крајот, но беше крајно непријатен по победата.