Connect with us

Фудбал

Враќање на Погба, Рајола ги поттикнува фановите на „Бјанконерите“ да сонуваат

Јувентус и Пол Погба се разделија, а судбината на клупско ниво на двете страни е различна. „Бјанконерите“ продолжија да победуваат, Французинот помина тешки години со Манчестер Јунајтед. Гласините за враќање во редовите на „Старата дама“ никогаш не изостанаа, дури ниту ги отфрли неговиот агент Мино Рајола.

За „Тутоспор“, Рајола кажа дека прави вистински избор за своите клиенти.

„Тие треба да сонуваат, затоа што ако не сонуваат, тогаш се мртви. Јас не работам во соништата, да се разбереме, јас работам во реалниот свет. Ова значи дека правам вистински избор за моите клиенти. Сега не е време да се каже каква ќе биде иднината на Погба“.

Французинот има една од најтешките години во кариерата, меѓу повредите и лошиот настап на теренот. Следното лето, заедно со Европското првенство, може да донесе нови вести. Тогаш, којзнае … Можеби соништата на навивачите на Јувентус ќе се реализираат во „реалниот живот“ на Мино Рајола.