Фудбал
Вредноста на играчите на Ливерпул се зголеми, Ливерпул веднаш спрема нови договори
По заминувањето на Филипе Кутињо во јануарскиот преоден рок, раководството на Ливерпул е одлучно да ги задржи ѕвездите во тимот, а првиот на списокот е Садио Мане.
Сенегалецот со одличните настапи предизвикува огромно внимание и Ливерпул ќе се обиде да го задржи со нов договор.
Мане е обврзан со Ливерпул до 2021 година со што се очекува новиот договор за него да значи и повисоки примања.
Како што пренесуваат англиските медиуми веднаш по Мане нов договор ќе му биде понуден и на Мохамед Салах.