Connect with us

Фудбал

Вредноста надмина една милијарда-Како Дејвид Бекам постигна една од најголемите спортски зделки досега

Легендарниот англиски фудбалер, а сега сопственик на фудбалскиот клуб Интер Мајами Дејвид Бекам, ја направи можеби најдобрата спортска зделка со купувањето на овој американски тим чија вредност денес е неспоредлива со онаа што ја имаше во 2013 година.

Експертот за спортски бизнис Џо Помплијано наведува дека по доаѓањето на Лионел Меси во Интер Мајами вредноста на клубот достигна 1 милијарда долари.

Според „Спортик“, Интер Мајами во јануари годинава ја проби границата од милијарда долари и вредеше 1,02 милијарди долари. Само три други тима од МЛС ја поминаа таа граница, имено Лос Анџелес ФК (1,15 милијарди долари), Атланта Јунајтед (1,05 милијарди долари) и ЛА Галакси (1 милијарда долари).

Исто така, треба да се додаде дека Бекам заработил 255 милиони долари од плата во текот на петте години играње во МЛС, па сега може да се заклучи дека неговиот премин од европски во американски фудбал бил апсолутен хит.