Други спортови
“Време е да му дозволиме на Шумахер да живее во мир”
Ретко денес кој ја знае здравствената состојба на Михаел Шумахер.
Легендарниот возач на Формула 1 доживеа ужасна несреќа кон крајот на 2013 година, а во последните неколку години речиси никој не знае што се случува со него.
Еден од ретките луѓе кои имаат можност да го посетат е поранешниот шеф на Ферари и сегашниот претседател на ФИА, Жан Тод.
Новинарите се обиделе да извлечат било какви информации за Шумахер, но тој бил многу краток.
“Време е да му дозволиме на Шумахер да живее во мир”, рече Тод и остана мистериозен. Дали Михаел се опоравил и може ли барем некои работи да ги прави како нормална личност или се уште е во многу тешка ситуација, не знаеме, но сигурно е дека во наредниот период ќе има голем интерес да дознаеме.