Фудбал
Време за заминување, гигантот од Премиер лигата без тренер!
Можеби долго се очекуваше Маурисио Покетино да го напушти Тотенхем, но тоа сè уште не е официјално. Сепак, разговорите започнаа и заминувањето е само прашање на денови.
Вака пишуваат англиските медиуми денес, што изгледа извесно за разделбата на Покетино со Тотенхем. Клубот оствари средба со тренерот на која разговараше за неговото заминување и се очекува во наредните денови официјално да биде објавено раскинување на договорот меѓу страните.

Медиумите, исто така, започнаа да шпекулираат за можни замени, со тоа што на врвот на листата, тренерот на Бурнмаут, Еди Хау. Исто така, Јулијан Нагелсман се смета за потенцијално име, но малку е веројатно дека Лајпциг ќе го ослободи тренерот. Исто така и Карло Анчелоти е на листата, при што Италијанецот не бележи добри резултати со Наполи.