Фудбал
„Времето ќе каже колку вреди ова за Челси“
Екипата на Арсенал извлече 2:2 против Челси во лондонското дерби, бо рамките на Премиер лигата. Иако со еден помалку играч (Давид Луиз кој беше исклучен во 26. минута), „Топџиите“ успеаја двапати да ја затресат мрежата на Челзи.
Тренерот на Арсенал, Микел Артета даде изјава веднаш по натпреварот.
„Времето ќе покаже дали ова реми, на овој натпревар, ќе биде пресврт за нашиот тим. Она што ми се допадна, сепак, беше решеноста што екипата ја покажа. Ова е нешто што секогаш го кажувам на момчињата, да не се откажуваат“.
„Мораме да се навикнеме да играме со ова темпо ако сакаме да бидеме одличен тим“, изјави тренерот Микел Артета.