Connect with us

Фудбал

Врсаљко се закануваше и плукна по играчите, а потоа резервниот голман на Сити со еден потег го „затвори“, хаосот во тунелот по мечот Атлетико – Сити (ВИДЕО)

Судирот во тунелот меѓу фудбалерите на Атлетико Мадрид и Манчестер Сити денеска е главна тема на фудбалската јавност.

На „Ванда Метрополитано“ синоќа немаше голови, а Манчестер Сити успеа да се пласира во полуфиналето на Лигата на шампионите бидејќи во првиот натпревар на домашен терен минимално со 1:0 победи против Атлетико. Синоќа на крајот од натпреварот видовме големи искри на теренот кои ги започна Фелипе кога удри во Фоден. После тоа се приклучи и Стефан Савиќ кој сакаше да се пресмета со Фоден, а потоа настана хаос на теренот.

Сето тоа траеше неколку минути, а судијата потоа му додели црвен картон на Фелипе. Сепак и по мечот продолжија искрите меѓу играчите на овие клубови.

Во центарот на вниманието беа Шиме Врсаљко и Савиќ, кои сакаа да се пресметаат со некои играчи на Сити во тунелот. Хрватскиот репрезентативец дури фрлил шише кон еден од нив, а после тоа се обидел да го плукне Кајл Вокер.

Сепак, во центарот на вниманието беше искусниот голман на гостите Скот Карсон, кој со само еден потег му покажа на Врсаљко на што е подготвен.

Карсон му покажа на Врсаљко да одат зад камерата и да се пресметуваат еден на еден, што очигледно уште повеќе го изнервира хрватскиот играч бидејќи потоа плукна во правец на играчот на Манчестер Сити. Искусниот голман беше тотално мирен и му покажа на Врсаљко дека го чека пред соблекувалната, а неговите пцовки и закани треба да ги покаже на дело. Навивачите на Сити беа воодушевени што третиот голман реагираше толку храбро и беше подготвен да се справи со Врсаљоа, но набргу потоа реагираше и полицијата која ги смири страстите и ги испрати играчите во соблекувалните.