Connect with us

Ракомет

Вујовиќ за кризата во Вардар: Самсоненко им го покажа врвот, па ги пушти низ вода

Легендарниот ракометен тренер Веселин Вујовиќ во интервју за „Balkan-Handball“, меѓудругото зборуваше и за ситуацијата во која во моментов се наоѓа се уште актуелниот европски првак Вадар.

-Денеска сите кукаат за времињата на ривалството помеѓу Вардар и Металург. Доаѓаме во ситуација во која можеби Вардар ќе ја доживее судбината на Кометал. Тоа е трагедија на македонскиот ракомет. Им се случи добро и зло во исто момент. Им се случи Самсоненко, кој вложил пари, покажа некои трендови и потоа ги пушти низ вода. Добро е тоа што ја изгради салата и нема да ја однесе со себе. Лошо е тоа што покажа колку може високо да оди ракометот и колку ниско може да падне, изјави меѓудругото Вујовиќ во интервјуто.

Како што е познато Веселин Вујовиќ беше трнер на Вардар од 2006-та до 2009-та година. Три пати ја освои титулата во домашното првенство, два пати Купот и еднаш пехарот во СЕХА лигата.