Connect with us

Фудбал

Вулверхемптон за рекордни 40 милиони евра го купи Силва од Порто

Лисабон, 5 септември 2020 (МИА) – Напаѓачот на Порто, Фабио Силва ќе ја продолжи кариерата во Премиер лигата.

Според „А Бола“, Вулверхемптон плати рекордни во клупската историја 40 милиони евра за 18-годишниот играч. Клубовите веќе склучија договор којшто треба да биде објавен многу скоро.

Голем број португалски фудбалери веќе играат во Вулверхемптон, вклучувајќи ги голманот Руи Патрисио, играчите од средниот ред Жоао Мутињо и Диого Жота. Тренер на тимот е и Португалецот Нуно Санто.

Фабио Силва е првиот летен трансфер на Вулверхемптон. Минатата сезона, португалскиот младински репрезентативец одигра 20 натпревари со Порто и постигна два гола во сите натпреварувања. зс/

loading...

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com