Connect with us

Фудбал

Вундеркиндот од Ливерпул ги следи стапките на Белингем

Еден од големите таленти во академијата на Ливерпул, Тајлер Мортон, би можел да ги следи стапките на Џуд Белингем и да се пресели во Борусија Дортмунд.

20-годишниот играч од средниот ред е позајмен во Блекбурн, кој се бори за промоција во Премиер лигата. Така успеа да го привлече вниманието на бундеслигашот.

Мортон се смета за ѕвезда на иднината, но можеби ќе треба да чека долго време пред да ја добие својата шанса на „Енфилд“.

Дортмунд не е првпат да земе англиски талент и да се обиде да ги развие неговите квалитети. Жолто-црните тоа го направија со Џејден Санчо и Белингем.

Доколку вториот се пресели во Ливерпул, Дортмунд би можел да побара размена за Мортон како дел од договорот.

Белингем пристигна во Борусија во 2020 година и моментално е еден од најголемите таленти во Европа.

Мортон има долгорочен договор со Мерсисајдерите и досега не даде никакви индикации дека сака да си замине. Меѓутоа, доколку Дортмунд тоа го сака, тешко ќе се одбие. Од почетокот на сезоната во Чемпионшип, 20-годишниот играч од средниот ред забележа 19 настапи.