Фудбал
За 18 месеци Кејн би можел да го напушти Тотенхем
Поранешниот сопственик на Тотенхем, Тим Шервуд смета дека следните две сезони ќе бидат клучни за иднината на играчот.
Тотенхем има уште 18 месеци да го задржи Хари Кејн.
Тим Шервуд, смета дека англискиот напаѓач би можел да си замине доколку не освои ништо оваа сезона.
Поранешниот сопственик на Спарс зборуваше за состојбата на англискиот репрезентативец за „beIN Sports“.
„Се очекува да заврши крајот на оваа сезона и следното издание за да видиме дали Тотенхем е близу до освојување на нешто. Ако тоа не се случи, тогаш Кејн ќе замине“, рече Шервуд.
Кејн е еден од најопасните напаѓачи во Европа денес.
Се шпекулираше дека Реал Мадрид покажал интерес.