Connect with us

Фудбал

За четири дена Манчестер Сити ќе му се „поклони“ на Ливерпул, Гвардиола вели го заслужуваат тоа

Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, потврди за британските медиуми дека „граѓаните“ ќе организираат шампионски шпалир за Ливерпул по повод освојување на титулата, а тоа ќе се случи на натпреварот помеѓу двата тима на „Етихад“, кој е дел од 32- рунда од Премиер Лигата.

– Секако дека ќе направиме шпалир. Тие го заслужуваат тоа, прокоментира Гвардиола.

Натпреварот Манчестер Сити – Ливерпул ќе се одигра на 2 јули (четврток).