Фудбал
За дијамантот на Лион „полудеа“ богаташите
Манчестер Сити ќе контактира со Лион за да се распраша за талентираниот играч од средниот ред Хусем Оуар веднаш штом ќе помине вирусот „Ковид-19“, пренесуваат странските медиуми.
Покрај Сити, има неколку други клубови кои имаат намера да го ангажираат овој млад играч, од кои едниот е Јувентус. „Старата дама“ се надева дека добрите односи меѓу нејзината администрација и администрацијата на Лион ќе помогнат да го реализира трансферот.
Третиот клуб кој покажува интерес е оној од Франција – ПСЖ. Богатите парижани го поставија Оуар како еден од нивните приоритети за ова лето и знаеме што значи кога се заинтересирани за некого.
Проблемот за сите три од овие клубови лежи во фактот дека Лион нема ни да зборува за нивниот скапоцен камен под 50 милиони евра.
Сепак, факт е дека ПСЖ, Манчестер Сити и Јувентус се многу богати екипи и би можеле да си го дозволат тоа и покрај кризата со коронавирусот.
Оуар забележа вкупно 37 натпревари оваа сезона, постигнувајќи девет гола и седум асистенции.