Поврзи се со нас

Фудбал

За МАКЕДОНИЈА на Европско ќе навиваме преку МРТ1 – откупени ТВ правата

Убавите вести продолжувата и по гоолемата победа на Македонија против Грузија. Имено, македонската телевизија ги откупила телевизиските права за емитување на европското првенство во фудбал 2021 година.

Според информациите кои се споделуваат неофицијално, купени се за рекордна сума, но истата официјално не се открива од јавниот сервис.

Ова значи дека Македонија ќе може да ја следиме на домашен ТВ канал, на македонски јазик, на македонската телевизија.

Македонската фудбалска репрезентација пополни едно од четирите празни места во групната фаза на Европското првенство 2021.

Покрај Македонија, место на собирот кој ќе се одржи во 12 различни земји обезбедија уште Словачка, Шкотска и Унгарија.

ГРУПА А: Турција, Италија, Велс, Швајцарија
ГРУПА Б: Данска, Финска, Белгија, Русија
ГРУПА Ц: МАКЕДОНИЈА, Холандија, Австрија, Украина
ГРУПА Д: Англија, Шкотска, Хрватска, Чешка
ГРУПА Е: Шпанија, Шведска, Полска, Словачка
ГРУПА Ф: Португалија, Франција, Германија, Унгарија

ЕП се очекува да започне на 11 јуни, а ќе заврши еден месец подоцна (11 јули) со финалето кое ќе се одигра на „Вембли“.

loading...

Facebook