Фудбал
За малку тепачка, Артета ја шутна топката Де Брујн го турна, па се вмеша и Џака (ВИДЕО)
Пеп Гвардиола претходната вечер го надмудри својот ученик Микел Артета. Манчестер Сити победи со 3:1 на гостувањето кај Арсенал и со тоа се изедначи на врвот на табелата во Премиер лигата (има по 51 бод, со меч повеќе „граѓаните“), а освен головите на Кевин де Брујн, Џек Грилиш, Букај Сака и Ерлинг Холанд, уште еден детал го одбележа возбудливиот меч на „Емирати“.
Cheeky Arteta and Elite De Bruyne pic.twitter.com/00nXEmnRm2
— 𝚏𝚒𝚝𝚋𝚊 (@fitbaa) February 16, 2023
На почетокот на вториот дел се судрија Микел Артета и Кевин де Брујн, а сето тоа откако менаџерот на Арсенал се обиде да „украде време“ за својот тим со шутирање на топка која излета во аут.
Белгиецот не остана должен. Веднаш по преземањето на топката го оттурна менаџерот на Арсенал и му се закани со прст, за после се да има помала гужва. Очекувано веднаш интервенираше Гранит Џака, кој дојде да го брани својот тренер… За среќа на сите актери помина без посериозен инцидент и судијата Ентони Тејлор успеа да ги смири.