Фудбал
За Манчестер Јунајтед и Арсенал е моќен, на „Емирати“ спектакл (ВИДЕО)
Во фантастичен натпревар од 34. коло на англиската Премиер лига, Арсенал го совлада Манчестер Јунајтед со 3:1.
Овој натпревар беше еден од најважните во исходот од борбата за Лигата на шампионите. Двата тима сакаат да завршат меѓу четирите најдобри екипи и следната сезона да играат во Лигата на шампионите, но тоа сега е на работ од невозможно за Јунајтед, додека Арсенал е на добар пат да ја оствари својата цел. По овој натпревар Арсенал е четврти со 60 бодови, Тотенхем има 57, а Манчестер Јунајтед само 54 бодови на шестото место.
Она што дополнително им создава проблем на „црвените ѓаволи“ е фактот што имаат натпревар повеќе од Топџиите и дури два од Спарс, кои подоцна денеска гостуваат во Брентфорд.