Connect with us

Фудбал

За Наполи не сака да коментира бидејќи тренерот бил пргав, Гвардиола: Па и Мајкл Џордан повеќе губеше отколку што освојуваше!

Во вторник од 21 часот се среќаваат Mанчестер Сити и Баерн во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите. Тимот на Пеп Гвардиола ќе биде домаќин на првиот натпревар, додека Баерн за прв пат во Лигата на шампионите ќе биде предводен од новиот тренер Томас Тухел, кој неодамна го замени Јулијан Нагелсман. Гвардиола застана пред новинарите пред натпреварот на прес-конференција.

-Погледнете го голферот Џек Никлаус, колку силни турнири одигра во кариерата и колку победи? Одигра 164, а освои само 18. Леле, изгуби многу повеќе отколку што освои. Така е во фудбал, кошарка, голф. Мајкл Џордан, според мене најдобриот кошаркар на сите времиња, играше 15 години во НБА и освои шест шампионски титули. Загуби повеќе отколку што освои. Важно е да се биде таму (во четвртфиналето на ЛШ) и да даде се од себе. Ништо повеќе од тоа“, изјави тренерот на Сити.

Тој не сакаше да коментира за Наполи:

„Не смеам да зборувам за Наполи, бидејќи нивниот тренер е пргав. Тој е многу чувствителен“, изјави Гвардиола, кој претходно го пофали Наполи и го нарече најдобар клуб во Европа оваа година. Тренерот на Наполи, Лучијано Спалети одговори дека не го интересираат зборовите на Гвардиола и дека тоа е само начин да се обиде да создаде притисок.