Други спортови
За Нурмагомедов најважни се парите

Деновиве се почесто во медиумите се споменува името на шампионот во УФЦ, Хабиб Нурмагомедов, кој прво ја освои титулата во лесна категорија, а потоа и ја одбрани против Конор Мекгрегор. Но, сега, наместо да ја брани титулата, Хабиб одлучи да тргне по стапките на Ирецот и да бара борба за милиони долари со непоразената легенда на рингот, Американецот Флојд Мејведер.
На Хабиб, според договорот, му преостануваат мечеви за одработка во УФЦ, но тој не престанува да го споменува името на Флојд, наместо имињата на борци во лесна категорија. И таткото на Хабиб, Абдулманап, проговори за борба со Мејведер, за која инсистира да се одржи во Русија.
- Флојд Мејведер сака мечот да се случи во Русија, зошто да се одбие? За нас е најважно да го направиме тоа според нашите услови и дефинитивно сакаме да ја добиеме оваа борба. Најважните работи за нас во овој меч се парите и резултатот, откри Абдулманап.