Фудбал
За прв пат во 17 години од својата кариера, Џо Харт е слободен: Веднаш се пошегува на сметка на Реал
Џо Харт е слободен агент за прв пат во својата 17-годишна кариера, откако му истече договорот во Барнли на 30 јуни, но англискиот голман останува малку оптимист за неговите потенцијални можности во иднина.
Поранешниот голман на Манчестер Сити дури се пошегува дека ќе биде среќен да го замени Тибо Куртоа во Реал Мадрид.
„Тоа што седев на клупата 18 месеци во Премиер лигата нема да ме сруши или да ме врати наназад. Среќен сум поради себе. Се сеќавам дека играв за мојот локален тим во аматерска лига и се обидував да дојдам до првиот тим на Шутсбури Таун. Научив рано дека треба да ги одржувате работите во реална перспектива“, рече Харт, додавајќи:
„Во фудбалот другите можат да кажат одлични работи за вас, но мора да бидете силни во самокритичност, да го анализирате она што правите и да останете цврсто на земја. Мора да гледате напред и да ги процените сите можности. Јас немам илузии дека Реал ќе го исфрли Куртоа и ќе ме стави мене да бранам, но само ми треба некој што ќе верува во мене и јас ќе му возвратам“.
Триесет и тригодишниот Харт бранеше 75 пати за репрезентацијата на Англија, а пред Барнли беше во Вест Хем, Торино, Бирмингем… Во сите овие клубови Мнчестер Сити го испрати на позајмица.