Ракомет
„За Штрлек нема место во репрезентацијата“
„Кога не си задоволен со статусот, а не зборувам само за Мануел, ако не си дел од тимот, тогаш нема да бидеш тука. Нема ракометарите да ни одредуваат кој ќе биде селектор и кој ќе игра. Тоа не го прават во Кјелце, во Веспрем, нема да го прават и тука. Во репрезентацијата имаше и поголеми имиња од Мануел, но на еден Иван Балиќ и Изток Пуц немаше да им падне на памет таква идеја“, изјави потпретседателот на Хрватскиот ракометен сојуз, Зоран Гобац.
Хрватска ќе биде без еден од клучните ракометари, Мануел Штрле.
„Кој и да биде селектор по Лино Червар, нема враќање за Мануел, бидејќи тој избра пат без враќање. Тој нема да игра за Хрватска. Целта е да се пласираме на Олимпијадата, а со малку среќа можеме и до медал. Ракометарите мораат да бидат свесни дека репрезентацијата е пред клубовите каде што играат за пари“, додава Гобац.