Connect with us

Фудбал

За сите има пари, за Бен Арфа нема, но соиграчите тргнаа во акцијата

Хатем Бен Арфа го напушта ПСЖ во текот на летото, а неодамна овој офанзивец прослави една година од својот последен настап за тимот од Париз.

Иако не играше, Бен Арфа редовно добивал пари од договорот, но исто така побарал бонуси, па затоа ангажирал адвокат.

Во меѓувреме, менаџментот на клубот им исплати на сите премија за титулата во Франција, но Бен Арфу не доби дел од колачот, поради што навистина се лути.

Сепак, други соиграчи се здружија и побараа од клубот да плати премија и за Бен Арфа, иако тој не играше. И покрај барањето на играчите, челниците на клубот одбија да го „почестат“ Бен Арфа.

Тој за ПСЖ вкупно има одигра 32 натпревари и постигна четири гола, а во ПСЖ дојде од Ница во 2016 година. За некој месец, ќе го напушти ПСЖ, но не е познато каде ќе ја продолжи својата кариера.

Парижаните претходно ја обезбедија титулата, го освоија и Купот, па мирно ќе го пречекаат Рен во сабота во финишот на шампионатот. Ова ќе биде нивниот претпоследен натпревар, а во последниот му гостуваат на Каен.