Фудбал
За скромниот Гвардиола сите сезони беа неуспешни, освен една
Пеп Гвардиола е еде од најдобрите тренер во светот. Се започна со револуционарната тактика „тика-така“ на клупата на Барселона, а продолжи во Баерн и Манчестер Сити.
Гвардиола веќе неколку сезони го предводи Манчестер Сити. Граѓаните имаат двоцифрена разлика вооднос на Ливерпул и на некој начив веќе се збогуваа со титулата.
Пред натпреварот во ФА Купот, новинарите се прашуваа дали оваа сезона може да се смета за неуспешна за Сити, бидејќи нема по трет пат во низа да ја освои титулата шпанскиот стручњак имаше подготвен одговор.
Гвардиола изјави дека е неуспешен освен кога во Барселона освои шест трофеи во една година. Беше 2009 година кога тој на „Ноу Камп“ ги донесе трофеи од Шпанија, Купот на кралот, шпанскиот Супер куп, Лигата на шампионите, Светското клупско првенство и Суперкупот на УЕФА.
„Секоја сезона по онаа каде што освоив шест трофеи со Барселона беше неуспех“, рече Гвардиола.
48-годишниот фудбалер работел во Баерн и Сити, откако ја напушти Барселона, освојувајќи титули во Германија и Англија, но никогаш не успеа да ја освои Лигата на шампионите или да се квалификува во финалето на елитното натпреварување од напуштањето на каталонскиот гигант.