Connect with us

Фудбал

За тагата да биде уште поголема, голманот на Ливерпул не може да го погреба својот татко

Голманот на Ливерпул, Алисон Бекер минува низ многу тежок период. Неговиот татко се удави во Бразил, а тој не може да оди на погребот. Бразил воведе мерки против коронавирусот и тоа го спречува Алисон да биде присутен на погребот. Ниту тоа што е репрезентативец на Бразил, па и член на европскиот првак не му помага.

Поради сличен проблем неговиот тренер Јурген Клоп не можеше да патува во Германија и да присуствува на погребот на неговата мајка.

Голем број земји забранија патувања од и во Велика Британија поради британскиот сој на коронавирусот.