Фудбал
Заблеска во Лига 1, Интер го сака некогашниот талент на ПСЖ!
Интер го следи трансфер маркетот, додека се обидува да ги набави потребните засилувања за јануари, за да може да остане во чекор со Јувентус во трката за титулата. За многубројни имиња се шпекулира дека се мета на Интер, а најновото на списокот на Марота е Бубакари Сумаре.

Французинот настапува за Лил и е еден од најистакнатите играчи оваа сезона. Сумаре ја напушти академијата на ПСЖ во 2017 година и се префрли во Лил. Во првите две сезони играше како замена, додека во сегашната се најде во стартниот состав, каде го покажа целиот свој потенцијал.
20-годишниот играч исто така потпиша договор со Лил, но добра зделка може да ги убеди челниците на Лил да го пуштат Французинот. Омилената позиција на Сумаре е пред одбраната. Се очекува Марота да ги започне преговорите во наредните недели за да може Сумаре да го носи дресот на Интер во јануари.