Connect with us

Фудбал

Заборавете на Меси, Тадиќ е новиот светски рекордер

Асистенцијата за голот на Себастијан Алер ​​при поразот на Ајакс од АЗ Алкмар минатиот викенд беше 37-та регистрирана под името Душан Тадиќ во 2021 година.

И да беше некој од фудбалерите кои се херои на спортските вести по неколку пати на ден, до сега по кој знае кој пат ќе ја прочитавте оваа вест:

Со запишувњето на 37. асистенција, Душан Тадиќ го собори светскиот рекорд што Лионел Меси го држеше од 2011 година со 36 асистенции во една календарска година.

За навивачите на Тадиќ во Србија најважна од тие 37 асистенции регистрирани во 2021 година ќе биде онаа што го поврза Александар Митровиќ со гол во победата на Србија против Португалија на патот кон Мундијалот.

На Тадиќ в среда во Белград ќе му биде врачена Златната топка на Фудбалскиот сојуз на Србија за најдобар играч на годината, а капитенот на Србија по трет пат во кариерата ќе ја добие оваа награда.