Други спортови
Забрана за Русија и Белорусија на параолимписките игри
Русија и Белорусија добија суспензија од параолимписките игри, соопшти Интернационалниот комитет. Претходно комитетот дозволи овие две селекции да настапуваат под неутрално знаме на Зимските параолимписки игри кои почнуваат во сабота, но сепак одлуката е сменета по големиот број на критики.
„Ние имаме цврст став околу мешањето на политиката и спортот. Меѓутоа, не по своја вина војната дојде и до овие Игри и зад сцените многу влади имаат влијание врз нашиот ценет настан“, изјави првиот човек на Интернационалниот параолимписки комитет Ендру Парсонс.