Connect with us

Фудбал

Зачудувачка изјава за Роналдо, Ван Дајк ја објаснува целата ситуација

Дефанзивецот на Ливерпул, Вирџил Ван Дајк, даде необична изјава кога го прашале за отсуството на Кристијано Роналдо во Париз. Победникот од Лигата на шампионите кратко одговори: „Дали Кристијано Роналдо навистина беше ривал?“ Зборови што никој не ги поздрави знаејќи го нивото и историјата на петкратниот освојувач на Златната топка.

Последен што реагираше беше шоуменот Пирс Морган. Тој напиша дека Роналдо е одличен играч и дека Ван Дајк не е на негово ниво. Дефанзивецот на Ливерпул најде време не само да му одговори на Морган, туку и да ја разјасни ситуацијата за која сите луѓе го критикуваа.

„Здраво Пирс, ако не го прескокнувавте видеото на социјалните мрежи, и го слушавте целото интервју, ќе знаевте дека направив шега. Јас имам само почит кон нив (Меси и Роналдо )“, се наведува во објавата на дефанзивецот на Ливерпул.