Connect with us

Други спортови

Зад себе има титули, медаљи, рекорди, а сега работи како занаетчија, го викаа „летечкиот Финец“

Легендарниот Финец Јане Ахонен (44) е еден од најпознатите светски спортисти.

Ахонен забележа одлични резултати во ски скокови и е една од причините зошто многумина се за вљубија во овој зимски спорт.

Сепак, по крајот од кариерата, Финецот не остана во овој спорт. Тој ги одби понудите од Федерацијата, да биде тренер, директорски позиции, а верувале или не, тој денес поправа автомобили.

Ахонен работи во салон каде продава и поправа автомобили и кампери, а во изјавите за финските медиуми посочи дека ги сака автомобилите и моторите уште од најрана возраст.

-Како дете, секогаш гледав во автомобили, мотоцикли, се обидував да поправам нешто. Ја сакам работата на занаетчија. Уживам да поправам, опремувам автомобили, кампери. Клиентите ми се јавуваат редовно. Мило ми е што живеам како нормален човек, Рече Ахонен.

Во текот на неговата кариера, легендарниот Финец освои два олимписки сребрени медали, пет титули светски шампион, триумфираше пет пати на турнејата „Четири скокалници“ и двапати го освои Кристалниот глобус за севкупен победник на Светското првенство.

Инаку, Ахонен е и рекордер по бројот на подиуми на Светското првенство, освои вкупно 108, а изненади многумина со својата нова работа. Тој одби повисоки плати, подобри позиции, речиси се со што би можел да ужива во животот.

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама