Тајмаут
Зад сцената: Фотографијата на Меси и Роналдо која го разнесе интернетот (ВИДЕО)
Излегоа љубопитни детали за заедничката фотографија на Лионел Меси и Кристијано Роналдо која за неколку часа го разнесе интернетот.
Двете суперѕвезди на светскиот фудбал учествуваа во заедничка фотосесија за брендот Луј Витон. Причината поради која двајцата се собраа беше да рекламираат дизајнерски чанти и куфери за глобалната модна компанија. На фотографијата која стана вирална на интернет, двајцата играат шах на куферот на популарниот дизајнер. Фотографирана е од американската фотографка Ени Лејбовиц.
Луј Витон на социјалните мрежи сподели љубопитно видео „Зад сцената“ со Кристијано Роналдо. Куриозитет е што Португалецот е сам. Најверојатно не го ни сретнале Меси, а фотографијата е колаж.
„Ова ќе биде мое петто Светско првенство. Победата за мене е да бидам добар татко на моите деца. Најнезаборавно ми беше кога ја освоив првата титула со репрезентацијата на Португалија“, сподели Кристијано, пред да остави добри впечатоци за компанијата во која е заштитно лице и да посочи на неговиот омилен производ.