Тајмаут
Задоцни на тренинг, па се правдаше: „Бев киднапиран од вонземјани“
Поранешниот фудбалер на Бока Јуниорс, Жилермо Марино, деновиве е во центарот на вниманието поради анегдотата создадена пред повеќе од десет години.
Кариерата на Марин траеше 15 години, а круната на тоа беше дефинитивно играњето за Бока Јуниорс, а од тој период датира приказната што пензионираниот играч од средниот ред го врати на насловните страни на медиумите ширум светот.
И виновник за тоа е неговиот поранешен соиграч Густаво Лоренцети, кој откри дека Марино, во една прилика, правдајќи се себеси за каснењето на тренинг, рече дека е киднапиран од вонземјани.
„Тој ни објасни дека е ненадејно за загубил, дека е киднапиран, неговата душа беше земена и анализирана. Нешто такво“, се сеќава Лоренцети во интервју за „Гол“, а потоа додаде:
„Тој даде одлично објаснување и сите моравме да веруваме во него. Постојат моменти кога играчите велат – јас заминав и се вратив два дена подоцна затоа што бев киднапиран од вонземјани. Но, Жил не е таков играч, тој беше многу коректен човек и сите го знаат како таков“.
Лоренцети додаде дека целата приказна е достојна за програмата „Discovery“ …