Фудбал
Заев: Цела Европа виде дека македонскиот фудбал е европски и светски!
Премиерот Зоран Заев и лидерот на најголемата опозициска партија Христијан Мицкоски со честитки за вечерашната голема победа на Македонија против Германија.
„Вечерва цела Европа виде дека македонскиот фудбал е европски и светски! Честитки за нашите борци кои ни носат нови победи и нови подвизи. Имаме победа над селекцијата на Германија на квалификациите за Светското првенство во Катар 2022. Во овие тешки времиња, моментите на радост и гордост што македонските репрезентативци ни ги носат се потребни и добредојдени во секој дом.“, напиша Заев.
„Вечерва македонските срца чукаа со нашите фудбалски херои. Оваа грутка земја раѓала и ќе раѓа херои за победи. Покажавте што е пркос и се изборивте за нашата гордост. Црвено жолтата татни. Македонија се сака со дела, со борба, со пркос и верба. За кого, ако не за нашето сѐ, Македонија!!! Поклон до земја шампиони“, напиша Христијан Мицкоски.