Connect with us

Фудбал

Загина девојката на аргентинскиот напаѓач: Собра сили само да напише неколку зборови

Фудбалерот Рикардо Центурион се наоѓа во голема жалост откако дозна дека неговата девојка загина во сообраќајна несреќа.

Дваесет и петгодишната Мелоди Пасини, која веќе пет години е во врска со поранешниот напаѓач на Џенова, која сега игра во Велез како позајмен играч на Расинг, почина откако во неделата доживеа срцев удар.

Кога се возела кон Ланус, таа изгубила контрола над возилото и удрила во автомобил во спротивната лента, а кога пристигнаа лекари само ја потвдија нејзината смрт.

За смртта се смета дека е предизвикана единствено од срцеви проблеми што ги имала уште од 12 години, кога за прв пат била оперирана, а и пред две години била оперирана.

„Те сакам љубов моја“, објави Центурион со фотографија од починатата девојка.

Центурион (27) најголемиот дел од својата кариера ја помина во Аргентина, поникна во Расинг и беше член на Бока Јуниорс, додека играше за Сао Паоло во Бразил, а покрај Џенова беше член и на мексиканскиот Сан Луис.

View this post on Instagram

Te voy amar siempre mi amor

A post shared by Ricardo Adrian Centurion10 (@adrianricardo1993) on