Connect with us

Фудбал

Загрижени во Франција – Лука Ернандез е надвор од терените 5 недели

Дефанзивецот на Баерн Минхен и репрезентацијата на Франција, Лука Ернандез се повреди на натпреварот против Барселона и ќе биде надвор од терените 5 недели.

Така Дидие Дешамп нема да може да го користи на претстојните репрезентативни натпревари. Францускиот весник „Екип“ пишува дека ова е проблем за репрезентацијата, бидејќи Дешам исто така нема да може да го користи Пренел Кимпембе. Франција има два меча – со Австрија и Данска.

Утрово Лука Ернандез беше подложен на медицински тестови, по што стана јасен периодот на опоравување.