Connect with us

Фудбал

Загуби од Манчестер Јунајтед во страшен меч, а потоа Клоп навреди новинар: Прашањето ти е малку глупаво

 Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп Клоп го нарече „малку глупаво“ прашањето на новинарот по елиминацијата (3:4) од Манчестер јунајтед во четвртфиналето на ФА Купот.

Германецот по завршување на натпреварот на „Олд Трафорд“ се скара со новинарот кој му го постави следново прашање: „Обично интензитет е другото име на вашата игра, зошто стана толку тешко во продолженијата?


На ова следуваше навреда од страна на Клоп.

– Малку глупаво прашање, морам да кажам. Не знам колку натпревари одигравме во последно време. Не знам точно колку натпревари одигра Јунајтед. Ова е спорт. Многу сум разочаран од ова прашање, но ти очигледно мислеше дека е добро рече Клоп.

Новинарот продолжи со уште едно прашање – констатација: „Значи Ливерпул има премногу натпревари?“

Предводникот на Ливерпул уште еднаш ја покажа својата нервоза.

– Ох ајде, очигледно не си во најдобра форма и немам нерви за тебе, рече Клоп и си замина.

По завршување на сезоната Клоп најави заминување од Ливерпул.