Connect with us

Фудбал

Захариевски нов тренер на Воска

Дебитантот во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) Воска го назначи денеска Срѓан Захариевски за нов тренер.

Како што вечерва објави охридскиот прволигаш, на 50-годишниот Захариевски ќе му асистира Сеит Крека, кој досега го предводеше младинскиот тим на Воска.

Воска е четвртиот клуб во тренерската кариера на поранешниот македонски репрезентативец Захариевски, кој досега ги предводеше Струга, Пелистер и Металург.

Захариевски ќе дебитира на клупата на Воска в недела на дуелот на домашен терен против Силекс во рамки на 20. коло во ПМФЛ.

Воска е десеттопласирана на табелата со 20 бодови, два повеќе од Вардар на последното и Македонија Ѓорче Петров на претпоследното место.